Марјан Катароски

Директор на фестивалот

Арт фестивалот “ Езерски Бисери “ постои со цел да им овозможи на младите таленти од целиот свет да ја презентираат нивната уметност, култура и традиција . За време на престој во нашата мала, но со големо срце земја – Македонија, ќе можат да уживаат во убавините на Охридското езеро, да се запознаат со нашата богата историја и да ја доживеат ретката можност да престојуваат на место каде што беше создадена Славјанската писменост. Јас искрено се надевам дека оваа божествена убавина ќе продолжи да ги инспирира младите таленти. Ви посакувам да бидете инспирирани, полни со креативен жар и да станете славни!

Проф. Д-р Ана Гацева

Уметнички директор

Подготвувајќи го концептот на овогодинешното издание на Фестивалот „Езерски бисери“ имавме јасна цел - да ја славиме музиката и уметноста и да воспоставиме силни врски и културнa разменa помеѓу младите уметници од целиот свет. Оваа кауза ја потврдува идејата во која веруваме - постојано да трагаме и да поттикнуваме инспирација кај младите, бидејќи само така класичната музика може да остане „жива“. Тоа ќе се обидеме да го постигнеме преку богатата програма што ја нуди Фестивалот: натпревар на којшто учесниците ќе ги оценува високостручно меѓународно жири, концерт на победниците, свечен настап на еминентни пијанисти, бројни екскурзии и можности за остварување на контакти со уметници од сите страни на светот. Во рамките на Фестивалот ќе реализираме уште една наша улога во која длабоко веруваме - едукација на музичарите преку обезбедување на мастер клас, за младите уметници да продолжат да трагаат по сопствената совршеност и да ги шират постојано своите светогледи.