Од 07 до 14 август секоја година во Струга се одржува Меѓународен арт фестивал – натпревар “Езерски бисери“. Фестивалот се одржува со поддршка на Министерството за култура на РМ а Гала концертот го емитува 24 телевизија.
1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

1.1. За учество на натпреварот се покануваат кореографски групи, балетски трупи, пејачи, инструменталисти, хорови.

1.2. За учество на натпреварот се праќа пријава по приложена форма, копија на документ со кој се потврдува денот на раѓање, уметничка биографија и ДВД или медиа фајл на адреса или е-пошта на организаторот, со снимка на пријавените точки најдоцна до 30 мај. Испратените материјали не се рецензираат и не се враќаат.

1.3. Со пријавата треба да се испрати и фотографија на секој од учесниците со размер 2,5 х 3,5 cm, со напишано име и презиме на задната страна.

1.4. По резултатите од видео изборот, организаторот ги испраќа официјалните покани не подоцна од 10 јуни.
2. АКРЕДИТАЦИЈА

2.1. За акредитирање на натпреварот неопходно е да се има официјална покана и до денот на пристигнувањето да се има извршено уплата во износ од 3.000 денари за секој соло изведувач, 1.500 денари од учесник за малите форми (дуо, трио, квартет, секстет) и 9.000 денари за ансамблите.

2.2. Средствата да се уплаќаат на следната сметка: Естрада МЦ – Прилеп 300020000156496 Комерцијална банка Назнака: партиципација за учество на натпреварот

2.3. Пополнетата пријава, потребните материјали и доказ за извршената уплата де се испратат на следната адреса: МЕЃУНАРОДЕН АРТ ФЕСТИВАЛ „ЕЗЕРСКИ БИСЕРИ“ „5та прилепска бригада“ 8 7500 Прилеп Или на e-mail: estrada@t-home.mk

2.4. Патните трошоци ги сносат самите учесници на натпреварот.

2.5. Акредитираните учесници имаат право за посетување на сите фестивалски настани.
3. УСЛОВИ НА НАТПРЕВАРОТ

3.1. На натпреварот се отценуваат претставените точки во целост.

3.2. Натпреварот се изведува во следните дисциплини: – Кореографија (соло, ансамбли) – класичен балет , современ танц, естраден танц, шоу балет, театрален балет, фолклорен танц – Вокал – изведби на естрадни песни (соло, мали форми, ансамбли), изведби на фолклорни песни (соло, мали форми, ансамбли) – Класична музика – Солисти, камерни ансамбли и хорови кои изведуваат класична музика – Театарски жанрови – аматерски групи од сите трендови и театри на мода – Оркестри и народни музички инструменти. – Ракотворби, декоративна и применета уметност и дизајн

3.3. Учесниците на натпреварот самостојно го одредуваат жанрот и тематиката на секоја точка.

3.4. Натпреварот се изведува во два дена. На првиот натпреварувачки ден се изведува првата точка а на вториот натпреварувачки ден се изведува втората точка.

3.5. На секој учесник му се овозможува проба на сцена.

3.6. Редоследот на учесниците го одредува организаторот.

3.7. За одредување на категоријата на учесниците се зема возраста што ќе ја имаат на 04.08. тековната година.

3.8. Фонограмите на точките треба да бидат доставени на флеш или на CD. На опаковката треба да биде укажано името на учесникот и делото.
4. КОРЕОГРАФИЈА

4.1. Возрасни категории за класичен балет: – I 14 – 18 години – II 19 – 24 години – III 25 – 26 години за жени, до 30 за мажи

4.2. Програмата треба да се состои од две вариации или едно па де де.

4.3. Во согласност со жири комисијата можни се и отстапки во однос на изборот на програмата.

4.4. Возрасни категории за современ танц, естраден танц, шоу балет, театрален балет, фолклорен танц: – I 6 – 10 години (соло, мала група, формација) – II 11 – 15 години (соло, мала група, формација) – III 16 – 20 години (соло, мала група, формација) – IV над 21 година (соло, мала група, формација) – V мешана возраст (соло, мала група, формација)

4.5. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.
5. ВОКАЛ

5.1. Возрасни категории: – I 6 – 10 години (соло, мали форми, ансамбли) – II 11 – 14 години (соло, мали форми, ансамбли) – III 15 – 18 години (соло, мали форми, ансамбли) – IV 19 – 24 години (соло, мали форми, ансамбли) – V 25 и повеќе (соло, мали форми, ансамбли)

5.2. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 4 минути.

5.3. Учесниците мора да носат со себе матрици со минимално количество на придружни вокали на флеш или Audio CD.
6. КЛАСИЧНА МУЗИКА

6.1. Возрасни категории: – I 6 – 10 години (соло, мали форми, ансамбли) – II 11 – 14 години (соло, мали форми, ансамбли) – III 15 – 18 години (соло, мали форми, ансамбли) – IV 19 – 24 години (соло, мали форми, ансамбли) – V 25 и повеќе (соло, мали форми, ансамбли)

6.2. Учесниците од I возрасна категорија на натпреварот изведуваат програмa составенa од минимум две композиции со траење до 7 минути.

6.3. Учесниците од II возрасна категорија на натпреварот изведуваат програмa составенa од минимум две композиции со траење до 10 минути.

6.4. Учесниците од III возрасна категорија на натпреварот изведуваат програмa составенa од минимум две композиции со траење до 15 минути.

6.5. Учесниците од IV возрасна категорија на натпреварот изведуваат програмa составенa од минимум две композиции со траење до 20 минути.

6.6. Учесниците од V возрасна категорија на натпреварот изведуваат програмa составенa од минимум две композиции со траење до 20 минути.

6.7. Доколку натпреварувачот нема свој корепетитор ќе му биде обезбеден официјален корепетитор. Надоместокот за две проби и настап со официјалниот корепетитор е 1800 ден. за I и II категорија, 2400 ден. за III категорија и 3000 ден. за IV и V категорија.
7. ТЕАТАРСКИ ЖАНРОВИ

7.1. Возрасни категории: – I 6 – 10 години – II 11 – 14 години – III 15 – 18 години – IV 19 – 24 години – V 25 и повеќе

7.2. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 5 минути.
8. ОРКЕСТРИ И НАРОДНО МУЗИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ

8.1. Возрасни категории: – I 6 – 10 години (соло, ансамбли) – II 11 – 14 години (соло, ансамбли) – III 15 – 18 години (соло, ансамбли) – IV 19 – 24 години (соло, ансамбли) – V 25 и повеќе (соло, ансамбли)

8.2. На натпреварот се изведуваат 2 точки во една дисциплина и во една возрасна категорија. Секоја точка не смее да трае повеќе од 4 минути.
9. РАКОТВОРБИ, ДЕКОРАТИВНА И ПРИМЕНЕТА УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН

9.1. Возрасни категории: – I 6 – 10 години – II 11 – 14 години – III 15 – 18 години – IV 19 – 24 години – V 25 и повеќе

9.2. На натпреварот секој учесник треба да се претстави со минимум 5 творби.
10. РАБОТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА

10.1. Составот и условите за работа на меѓународната жири комисија на натпреварот ги утврдува организаторот.

10.2. Секоја точка се отценува по 10 бодовен систем.

10.3. Отценката на натпреварувачките точки претставува средна аритметичка отценка од поставените отценки од членовите на жири комисијата. Отценките кои што се разминуваат со средна отценка од 3 и повеќе (плус-минус) не се земаат во предвид. Средната отценка се пресметува без сметање на покачените и снижените отценки.

10.4. Меѓународната жири комисија има право да не досуди некоја од најавените награди по условите на натпреварот.

10.5. Одлуката на меѓународната жири комисија не подлежи на жалба и повторно разгледување.
11. НАГРАДИ НА НАТПРЕВАРОТ

11.1. Учесниците можат да освојат награди “Лауреат” I, II и III степен, “Дипломант” I, II и III степен, “Диплома за учество”. “Лауреатите” I, II и III степен добиваат статуетки на фестивалот.

11.2. Наградата “Бисер“ во секоја дисциплина изнесува 100 $ и се доделува на најдобриот од победниците по категории со највисока отценка.

11.3. Гран при и парична награда во износ од 1.000 USD се доделува на учесникот кој што има освоено не помалку од 90% од максималноиот број на бодови независно од дисциплината.
12. ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРАШАЊА

12.1. Податоци за пристигнувањето на учесниците се соопштуваат на организаторот до 1 јули.

12.2. Колективите должни се да имаат соодветно количество на придружни лица кои што ќе ја гарантираат безбедноста на децата.

12.3. Неисполнувањето на барањата од условите на фестивалот доведува до исклучување од учеството во натпреварувачката програма на фестивалот.

12. 4. Сите материјали (аудио, видео и печатената продукција), создадени на фестивалот, организаторите ги сметаат за своја сопственост и имаат право да ги користат и распространуваат информациите по свое наоѓање без плаќање на хонорари на учесниците.

12.5. Организаторот има право да врши измени на одредени точки.