Меѓународниот арт фестивал и натпревар “Езерски бисери“ е натпревар на уметноста кој се одржува секоја година во првата половина на август. Пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет доаѓаат во Струга, Македонија крај прекрасното Охридско езеро и се натпреваруваат во бројни дисциплини. Нивните настапи ги оценува професионално меѓународно жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови за сите учесници и за нивните професори по натпреварот.