1. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
1.1. За учество на натпреварот се покануваат кореографски групи, пејачи, инструменталисти, хорови.
1.2. За учество на натпреварот се праќа пријава по приложена форма, копија на документ со кој се потврдува денот на раѓање и уметничка биографија најдоцна до 30 мај. Испратените материјали не се рецензираат и не се враќаат.
2. АКРЕДИТАЦИЈА
2.1. За акредитирање на натпреварот неопходно е до денот на пристигнувањето да се има извршено уплата во износ од 6.000 денари за секој соло изведувач, 3.000 денари од учесник за малите форми (дуо, трио, квартет, секстет) и 1000 денари од учесик за ансамблите.
2.2. Средствата да се уплаќаат на следната сметка:
Естрада МЦ – Прилеп
300020000156496
Комерцијална банка
Назнака: партиципација за учество на натпреварот
2.3. Пополнетата пријава, потребните материјали и доказ за извршената уплата де се испратат на следната адреса:
МЕЃУНАРОДЕН АРТ ФЕСТИВАЛ „ЕЗЕРСКИ БИСЕРИ“
„5та прилепска бригада“ 8 7500 Прилеп
Или на e-mail: ezerskibiseri@gmail.com
2.4. Патните трошоци ги сносат самите учесници на натпреварот.
2.5. Акредитираните учесници имаат право за посетување на сите фестивалски настани.
3. УСЛОВИ НА НАТПРЕВАРОТ
3.1. На натпреварот се оценуваат претставените точки во целост.
3.2. Натпреварот се изведува во следните дисциплини:
- Кореографија (соло, ансамбли) – современ танц, естраден танц, шоу балет, театрален балет, фолклорен танц
- Вокал – изведби на естрадни песни (соло, мали форми, ансамбли), изведби на фолклорни песни (соло, мали форми, ансамбли)
- Театарски жанрови – аматерски групи од сите трендови и театри на мода
- Оркестри и народни музички инструменти.
- Ракотворби, декоративна и применета уметност и дизајн
3.3. Учесниците на натпреварот самостојно го одредуваат жанрот и тематиката на секоја точка.
3.4. Натпревачите изведуваат по една точка.
3.5. На секој учесник му се овозможува проба на сцена.
3.6. Редоследот на учесниците го одредува организаторот.
3.7. За одредување на категоријата на учесниците се зема во предвид возраста што ќе ја имаат на 04 август.
3.8. Фонограмите на точките треба да бидат испратени на e-mail или доставени на флеш.
9. РАБОТА НА ЖИРИ КОМИСИЈАТА
9.1. Составот и условите за работа на меѓународната жири комисија на натпреварот ги утврдува организаторот.
9.2. Секоја точка се отценува по 10 бодовен систем.
9.3. Отценката на натпреварувачките точки претставува средна аритметичка отценка од поставените отценки од членовите на жири комисијата. Отценките кои што се разминуваат со средна отценка од 3 и повеќе (плус-минус) не се земаат во предвид. Средната отценка се пресметува без сметање на покачените и снижените отценки.
9.4. Меѓународната жири комисија има право да не досуди некоја од најавените награди по условите на натпреварот.
9.5. Одлуката на меѓународната жири комисија не подлежи на жалба и повторно разгледување.
10. НАГРАДИ НА НАТПРЕВАРОТ
10.1. Учесниците можат да освојат награди “Лауреат” I, II и III степен, “Дипломант” I, II и III степен, “Диплома за учество”. “Лауреатите” I степен добиваат статуетки на фестивалот.
10.2. Гран при и парична награда во износ од 1.000 USD и охридски бисери се доделува на учесникот кој што има освоено не помалку од 95% од максималноиот број на бодови независно од дисциплината.
11. ОРГАНИЗАЦИОНИ ПРАШАЊА
11.1. Податоци за пристигнувањето на учесниците се соопштуваат на организаторот до 1 јули.
11.2. Колективите должни се да имаат соодветно количество на придружни лица кои што ќе ја гарантираат безбедноста на децата.
11.3. Неисполнувањето на барањата од условите на фестивалот доведува до исклучување од учеството во натпреварувачката програма на фестивалот.
11.4. Сите материјали (аудио, видео и печатената продукција), создадени на фестивалот, организаторите ги сметаат за своја сопственост и имаат право да ги користат и распространуваат информациите по свое наоѓање без плаќање на хонорари на учесниците.
11.5. Организаторот има право да врши измени на одредени точки.